| четврток, 6 декември 2018 |

Поранешен маринец го истрча Бостонскиот маратон со ампутирана нога! (видео)

marinec maraton

Бостонскиот маратон на натпреварувачки план беше одбележан од Кенијците, но херој на денот е поранешниот член на американските маринци, Хозе Луис Санчез. Санчез во 2011 година остана без својата лева нога, која му беше ампутирана по повредите кои ги здоби од нагазна мина, во борбите во Авганистан.

Поранешниот професионален војник успеа да ја заврши трката за време од 5 часа, 46 минути и 13 секунди, со што го комплетира својот трет маратон, откако носи протеза на ногата. Санчез трчаше со маица на која беше мотото на маринците „Seper Fi“ (секогаш верен), а во раката го држеше американското знаме, на кое имаше пораки од неговите поранешни соборци.

– Знамето го добив веднаш по враќањето од Авганистан, но тогаш немав желба ниту да го погледнам. Кога го променив своето мислење, токму пораките на него од моите соборци ме мотивираа никогаш да не се предавам – изјави Санчез.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top