Дадилката, која работела во одморалиштето, каде што биле сместени Меди и нејзиното семејство, изјави дека сѐ уште ја прогонува тоа што се случило кобната ноќ пред 10 години и сликата од Гери Меккен кој очајнички се обидувал да си ја најде ќеркичката.
Таа изјавила за “The Mirror”, дека на ноќта на исчезнувањето, додека Гери си го барал своето мало девојче, мајка и’ Кејт плачела, а дадилката се обидувала да ја утеши.
Таа раскажува: “Еден родител дојде до мене и ми кажа дека нешто се случува, дека некој бара дете, јас не помислив дека станува збор за Меди. Неколку минути подоцна наидов на Кејт која не можеше да престане да плаче, пријателите ја тешеа, Гери бараше под автомобилите и одеднаш ми текна.. Не знам ни дали таа ме виде. Само застанав до неа и се обидов да ја утешам. Таа шеташе нагоре – надолу. Најлошото нешто самошто и’ се случи. А јас можев да изустам само: “Ќе ја најдат, вакви работи се случуваат постојано”.. Таа плачеше, но речиси во кататоничка состојба, а Гери беше премногу потресен. Така ќе го паметам цел живот, како непрестано бара под возилата..”
Дадилката, која се грижела за Меди неколку пати додека престојувале во одморалиштето, вели дека таа и останатите членови на персоналот ја барале Меди до 5 часот изутрина. Неименуван сведок изјавил за порталот дека одморалиштето во Португалија било толку опасно што на дадилките им биле дадени аларми во случај на силување и биле предупредени да не се шетаат сами.
Таа исто така ја искористила можноста да го искритикува начинот на кој португалската полиција ја спровела истрагата, тврдејќи дека нивната неспособност ја уништила секоја шанса за пронаоѓање на оној кој го киднапирал девојчето.
Таа изјавила за „Мирор“: “Знам дека јас не стапнав во нивниот апартман, но речиси секој друг го направи тоа. Па доказите се изгубија, измешаа, немаше никој совесен да каже, “чекајте, треба да го заклучиме апартаманот.” Полицијата не пристигнуваше со векови, можеби час и половина, два, па ние самите ја баравме Меди..”
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.