Мајка од Нојнкирхен во Германија го почестила синот со необичен подарок – посета на бордел. Меѓутоа, „отворањето на подарокот“ завршило трагично, зашто 24-годишникот починал додека водел љубов со 21-годишна проститутка.
Како што пишува германски „Билд“ момчето, кое имало околу 150 кг заминало во соба со девојката, а мајката останала да чека во приземјето. Проститутката се фрлила на работа, но момчето паднало во бесознание. Пожарникари го спуштиле низ прозорец, лекари од итната помош го реанимирале и го одвеле во болница.
За жал, момчето починало во болница, најверојатно од срцев удар.
Освен прекумерната тежина, причина може да биде и вијаграта што ја испило пред посетата на борделот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.