Мастерсот во Монте Карло е следен на програмата од низата на најголеми турнири во тенисот, но овој дефинитивно е малку поразличен за Новак Ѓоковиќ од останатите ширум светот поради тоа што може да отиде на тренинг или на официјален меч возејќи велосипед.
Ѓоковиќ веќе неколку години е резидент на Монако, а бидејќи неговото место на живеење е доста блиску до седиштето на турнирот во Монте Карло, на Србинот не му претставува никаков проблем да стигне со велосипед до посакуваната цел.
Токму една ваква негова авантура со велосипедот беше документирана со видео од тениските фанови во Монте Карло, со тоа што истите уловија и еден необичен момент, односно деталното претресување на Србинот со што се потврди дека одговорните луѓе на турнирот не прават исклучоци меѓу главните актери во тенисот и обичните луѓе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)