| четврток, 6 декември 2018 |

Македонката со два гола против Сент Етjен: Андонова го однесе ПСЖ во финале (Видео)

Македонската интернационалка Наташа Андонова вчера имаше одличен „велигденски“ настап за тимот на ПСЖ.  Нашата најдобра фудбалерка постигна два гола во триумфот на ПСЖ на Сент Етјен од 4-1 и практично е најзаслужна што нејзиниот тим се пласира во големото финале во Купот на Франција.

Таа го отвори резултатот со прецизен удар од работ на шеснаесетникот во 18. минута, а вториот нејзин гол беше за 3-0 и го постигна во 35 минута од средбата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top