Следната недела на продажба ќе биде ставен имот на поранешна Југославија во срцето на Менхетен во Њујорк. Станува збор за огромна зграда – замок која се наоѓа на Петта Авенија, а во моментов е Амбасада на Србија во Обединетите Нации. Освен тоа ќе се продава и апартманот на истата авенија, познат како станот на Тито, иако тој таму престојувал само два пати и повеќе од две децении е празен.
Како што објави Њујорк Пост, земјите наследнички Србија, Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговина и Македонија, постигнаа договор да го продадат имотот во Њујорк.
Зградата-замок се протега на 4.400 квадратни метри, има 32 соби и 8 бањи. На пазарот ќе се појави неделава и според проценките ќе достигне цена до 50 милиони долари.
Во моментов во зградата се наоѓа амбасадата на Србија во Обединетите Нации, а следниот сопственик според најавите на агенциите со недвижности најверојатно ќе биде приватно лице и ќе стане семејна куќа.
Замокот е изграден во 1905 година од Варен и Ветmор, попознати како градители на Гранд Централ Терминал и други околни згради.
Кога била изградена чинела 60.000 долари, а по неколку години е продадена за 725.000 долари, и наводно бил најскапо продаден имот на Менхетен во тој период. Потоа неколку пати го менува сопственикот. По Втората Светска Војна е продадена на Југославија за само 300.000 илјади долари.
Во периодот кога била зграда во сопственост на владата, таму доаѓале многу светски лидери и станала позната по една невообичаеност: „таен спрат на врвот, соба обколена со метал позната како „кафезот на Фарадеј“ каде функционери од Советскиот сојуз можеле да обавуваат телефонски повици без опасност да бидат прислушувани“.
Прозорите на зградата со поглед на Централ Парк се отпорни на куршуми, и затоа била и привремено засолниште на Јосип Броз Тито за време на обидот од атентат во Валдорф Асторија хотел во 1963 година.
Две години подоцна, Тито и лидерите од Египет, Гана, Индија и Индонезија почнаа планови за создавање на Независно движење, алијанса на нациите кои не сакаа да бидат во сојуз со ниту една од суперсилите од Студената војна, и тоа во една од собите на истата зграда.
На продажба ќе биде ставен и станот на Петта Авенија кој Југославија го купила во 1975 година, а по распадот зјае празен и пропаѓа од 1992 година. Србија месечно за одржување плаќа 14.000 долари или досега има платено околу 3 милиони евра. Цената која се предвидува да се постигне при продажбата е 12 милиони долари.
За да се продаде имотот ќе треба да се добие согласност од сите пет земји наследнички од СФРЈ, кои освен имотот во Њујорк, продаваат недвижнини и во Јапонија и Швајцарија.
Од 123 недвижности, во процесот на сукцесија досега се поделени 72 објекти, а остануваат уште 51. Најголем дел од нив и припаднаa на Србија 30, на Хрватска 18, Словенија и Босна добија по 10, а Македонија доби четири објекти – амбасадите во Канбера и во Атина, стан во Рим и генералниот конзулат во Цирих.
Според усвоениот модел, имототот, но и долгот на поранешната СФРЈ треба да се дели според учеството на секоја од републиките во формирањето на општествениот производ на тогашната федерација. Македонија треба да добие 5,4% од имотот.
Амбасадата во Париз, која Македонија ја доби во владение, е надвор од оваа група ДКП кои е на поделба, бидејќи секоја од земјите наследнички добија по една амбасада пред да почне поделбата на дипломатскиот имот низ светот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Исповед на пилотот на Тито: Воспоставивме контакт со НЛО
-
Жена со нож нападна деца во градинка во Њујорк
-
Владимир Десков, Ана Ивановска Дескова и Јован Ивановски куратори од Македонија за изложбата „Towards a Concrete Utopia: Architecture in Yugoslavia 1948-1980“ во Њујорк
-
Анѓушев ја продаде ЕДС: За мене е ова и тажен и среќен ден. Таа е мое дете!