| четврток, 6 декември 2018 |

Јунајтед по секоја цена сака да го задржи Ибрахимовиќ

По зачестените пишувања околу првиот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Златан Ибрахимовиќ дека кариерата ќе ја продолжи во американската МЛС-лига, неговиот клуб Манчестер Јунајтед најави нов договор со кој би го задржал Швеѓанецот во своите редови.

Англиските медиуми објавија дека „црвените ѓаволи“ подготвуваат нов договор за Ибрахимовиќ кој би заработил 20 милиони фунти за само една сезона што би ја одработил во дресот на Јунајтед.

Ибрахимовиќ на „Олд Трафорд“ пристигна од Пари Сен Жермен по три години поминати во францускиот клуб. Во досегашниот дел од сезоната постигна 28 голови за Манчестер во сите натпреварувања.

Останува да видиме каде 35-годишниот Швеѓанец ќе ја продолжи кариерата. Пред Јунајтед и ПСЖ, настапуваше за Милан, Барселона, Интер, Јувентус, Ајакс и матичниот клуб Малме.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top