| четврток, 6 декември 2018 |

Во заседа сред улица убиен репрезентативец од Панама

Репрезентативецот на Панама, Амилкар Херникез, почина на патот до болница, откако во него било пукано со огнено оружје.

Триесет и тригодишниот фудбалер од средината на теренот им подлегнал на повредите откако во него се испукани неколку истрели пред неговиот дом во провинцијата Колон. Тој бил застрелан во заседа, во која ранети се и двајца негови пријатели.

За репрезентацијата на Панама тој забележа 75 настапи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top