| четврток, 6 декември 2018 |

Удрил во пешак, па влетал во маркет – неколку повредени во бизарна незгода во Скопје (ФOTO)

Неколку лица се повредени во сообраќајната несреќа што се случила на бул.„Македонско Косовска Бригада“ во Скопје, вчера наутро околу 07,40 часот.

Управувајќи  „опел астра“ со скопски регистерски таблици, Ќ.О. (42) од Скопје изгубил контрола над возилото и удрил во пешакот Х.Р. (29) од Скопје. По ударот во пешакот, возачот продолжил со движење на возилото и со предниот дел удрил во влезната врата од маркет, по што продолжил да се движи во просторијата на маркетот и удрил во една од касите за наплата, во метални рафтови и во колички за пазарење, при што дошло до разнесување на предмети и стакло и дел од истите удриле во некои од вработените.

17903827_10203387690089375_8111373930819429598_n

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот кој бил пренесен во ГОБ„Св.Наум Охридски“, каде му била укажана лекарска помош и истиот бил задржан на лекување.

17951825_10203387690249379_3963305150964397391_n

По незгодата лекарска помош побарале и вработените од маркетот Ш.Ф. (25) А.С. (20), А.М. (22), С.О. (19), Ш.Х. (25) и С.Ј. (19) кои со возило на Итната медицинска помош биле пренесени во ГОБ„8-ми Септември“, каде им биле констатирани телесни повреди и истите биле пуштени на домашно лекување.

Од страна на увидна екипа од СВР-Скопје извршен е увид и се работи на целосно расчистување на случајот.

 

Фото: Ѕид на сообраќајниот срам

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top