Реал Мадрид направи уште еден чекор напред кон титулата во Примера дивизион, триумфирајќи на гостувањето против Спортинг Хихон со 2-3. Зинедин Зидан повторно се коцкаше и реши да настапи без своите најдобри фудбалери, но „кралевите“ стигнаа до трите бода благодарение на Иско, кој постигна прекрасен погодок во 90. минута.
Спортинг Хихон има за што да жали бидејќи два пати имаше водство, но „кралевите“ успеваа да се вратат и преку Иско и Мората стигнуваа до израмнување. Се чинеше дека аутсајдерот ќе се „лизне“ на ова гостување, но во 90. минута работите во свои раце ги зеде Иско, кој прифати една топка на дваесетина метри, потоа од работ на шеснаесетникот силно и прецизно биеше, носејќи му ја победата на европскиот шампион, кој на оваа средба настапи без Навас, Роналдо, Бејл, Бензема, Крос, Карвахал и Модриќ, а во второто полувреме влегоа Марсело и Кашемиро.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)