Босна и Херцеговина пак е на нозе, засега смо виртуелно, откако вчера Ал Џезаира Балкан го објави документарниот филм „Денови на убивање – Приједор“ на Јутјуб.
Во филмот според Ал Џезаира гледачите за прв пат имаат прилика да видат телевизиски снимки на Службата за јавна безбедност од Приједор снимени на 4 семтември 1992 година на Коритските карпи каде биле убиени стотици Муслимани и Хрвати.
Во коментарите на социјалните мрежи дел од граѓаните коментираат дека филмот е едностран затоа што во него зборуваат само несрби и дека филмот е објавен за да создаде нови поделби во регионот.
Телевизијата Ал Џезаира беше обвинувана за пристрасност и за време на Велигденскиот масакр кај Смилковското езеро кога преку своите извештаи уредникот на нејзиниот интернет портал се обиде да ја обвини Македонија и Македонците за нетолерантност кон останатите етнички и верски заедници и со тоа да предизика поделби пред се на верска основа во земјата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.