| четврток, 6 декември 2018 |

Давид Вилја тресе мрежи и од 50 метри во МЛС лигата (видео)

david vilja

Андре Блејк е веројатно еден од најдобрите голмани во МЛС лигата, но поранешниот фудбалер на Валенсија, Барселона и Атлетико Мадрид, Давид Вилја сепак, на неверојатен начин, успеа да го изненади.

На дуелот од МЛС лигата меѓу Њујорк сити и Филаделфија, Вилја во 90. минута одлучи да испрати шут од безмалку 50 метри. Начинот на кој се избори за простор а потоа и го совлада голманот на Филаделфија е навистина неверојатен. Со овој погодок Вилја ги постави конечните 2-0.

– Па во 90. минути бев прилично изморен од доста трчање, и одлучив да шутирам од 50 метри и да се обидам да постигнал гол – кратко изјави по мечот Вилја.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top