Министерството за внатрешни работи ги зголеми безбедносните мерки за време на велигденските празници. Со тоа Македонија се приклучува на европските држави во воведување на мерки за безбедност од повисоко ниво за време на празниците.
– Со оглед на глобалните терористички закани во кои што цели се и верски објекти (како што беа неодамнешните напади во Египет), потоа таргетирањето на земјите од Балканот, меѓу кои и земјава, а вклучително и масовните собирања на граѓани, од страна на терористичката ИСИЛ, МВР ќе ги зајакне безбедносните мерки и активности во наредните денови на целата територија на државата – се вели во соопштението на МВР.
Од МВР додаваат дека тоа е во согласност со полициската оператива, а заради заштита на јавниот ред и мир и безбедноста на граѓаните и објектите.
Според полициската пракса мерки на безбедност значи поголемо полициско присуство во случајов околу црквите, контрола на аеродромите особено на патниците кои пристигнуваат во земјава, туристичките места, автобуските станици, пазарите…
Ова е првпат Македонија да воведе мерки за безбедност на целата територија поради закана од ИСИС, досега тоа беше на јужната граница поради бегалската криза или пак во земјите од Блискиот исток каде живеат и работат Македонци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
МВР потврди: Лице од битолско виновен за оштетените камења на македонско-грчката граница
-
МВР: Добивме потврда од унгарското министерство дека Никола Груевски е во Унгарија и дека побарал азил
-
Кривична пријава за загрозување на сигурноста и ширење ксенофобичен материјал на социјални мрежи
-
МВР не знае колку малолетници се исчезнати во државата: Каква статистика води полицијата за исчезнатите лица?