Американското министерство за одбрана објави прва снимка од вчерашното фрлање на таканаречената „мајка на сите бомби“, чудовиште тешко 11.000 килограми врз позициите на џихадистите во Авганистан.
Кога вчера ја фрлиле бомбата “GBU-43″ на подрачјето на источен Авганистан, САД во борбата против ИСИС искористиле „најмоќното ненуклеарно експлозивно оружје”, кое Пентагон моментално го поседува.
Меѓутоа, „мајката на сите бомби”, како што колоквијално ја нарекуваат, со своите 11 тони тежина и можност да пенетрира преку 60 метри дебел армиран бетон, сепак не е најмоќното ненуклеарно оружје на светот.
Како што предупредува Haaretz, четири години откако САД во 2003 година првпат ја тестирале “мајката на сите бомби”, Русија го претставила “таткото на сите бомби”, ракета четири пати помоќна од американската “GBU-43″. Руски воен функционер, при претставувањето на бомбата, рекол дека истата нема ривал никаде во светот.
„FOAB”, или уште позната како “ATBIP” на метата се доставува преку авион бомбардер и е термобаричко оружје, што значи дека со помош на кислородот кој се наоѓа во окружението генерира интензивна експлозија со висока температура.
– Кога зборуваме за ефикасноста и разорниот потенцијал, ова оружје може да се спореди со нуклеарно – рекол Александар Рукшин при претставувањето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)