Португалецот Кристијано Роналдо се договорил со женатата која го обвинила за силување и ѝ платил 375 илјади долари за „компензација“ за да не проговори ниту збор, објави угледниот германски магазин „Шпигл“.
Дотичната жена тврди дека Роналдо ја силувал во 2009 година во Лас Вегас. Тогаш таа била во средните дваесетти години, пишува „Шпигл“ кој судските документи ги добил преку „Фудбал лекс“ кога илјадници доверливи документи на фудбалери излегоа во јавност.
Жртвата во 2010 година почнала случај против ѕвездата на Реал Мадрид и тогаш на шест страници бил опишан настанот кој се случил и во кој таа ги наведува последиците од немилата случка. Во тој документ таа го опишува силувањето од своја перспектива. Тој документ бил прочитан при склучување на спогодбата во која светски познатиот фудбалер опишан како „Господин Д“ и жената како „Госпоѓа Ц“. Освен спогодбата која била донесена надвор од судот, жената се обврзала дека во јавноста нема да говори за наводното силување и нема да го тужи Португалецот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.