Според ново истражување, токму оваа поза е главниот виновник за повеќе од 50 отсто од случаите на фрактура на пенисот. Кај оваа повредна буквално доаѓа до напукнување на пенисот. Sтанува збор за пукање на мембраната на набрекнатото ткиво на пенисот за која е потребна имобилизација, а во потешките случаи и операција.
Она што е трагично е тоа што голем број на мажи, најчесто поради срам, во случај на таква повреда не бараат помош од лекар на време.
Научниците објаснуваат дека причината за повредите во „каубојката“ е тоа што жената со целата своја тежина го контролира пенисот и не може да го запре движењето ако дојде до пенетрација на пенисот во вагината под крив агол. Таа поради тоа не чувствува никаква болка, што не може да се каже за мажот.
Како најбезбедна поза се наведува мисионерската во која мажот е горе, бидејќи тогаш тој во целост го контролира аголот на пенетрација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.