| четврток, 6 декември 2018 |

Врачување на наградата „Роман на годината“ на Давор Стојановски

Во галеријата Даут-пашин амам вечер ќе му биде врачена наградата „Роман на годината“ за 2016 година на Давор Стојановски за книгата „Собирачи на пепел“, во издание на „Или-или“.

Стојановски е 18-ти лауреат на оваа книжевна награда што ја доделува „Утрински весник“, а беше избран за нејзин годинашен добитник од жирито во состав Петар Андоновски, Гордана Михаилова-Бошнакоска, Маја Бојаџиевска, Нове Цветаноски и Катарина Богоева.

– Романот „Собирачи на пепел“ претставува книжевно остварување кое се издвојува според својот особен стил, дело кое е изведено во духот на едно ново писмо. Романот обработува веќе познати егзистенцијалистички теми, како што е чувството на осаменост, стравот од блискоста, проблематичниот топос на домот како место на припадност, постојаната потрага по среќата и смислата, соопшти жирито минатиот месец на објавувањето на добитникот на наградата, која се состои од статуетка, плакета и 150.000 денари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top