| четврток, 6 декември 2018 |

Дибала го продолжува договорот со Јувентус до 2022 година

dibala

Аргентинскиот фудбалер Паоло Дибала се договорил со Јувентус за продолжување на соработката до јуни 2021 година, пренесуваат италијанските медиуми.

Актуелниот договор на Дибала важи до 2020 година, но според извори од Јувентус, управата ќе ја продолжи соработката со Аргентинецот за уште две сезони. Медиумите информираат дека договорот е постигнат уште пред неколку недели, но дека Јувентус наводно чека вистински момент за да ја објави информацијата. Со новиот договор Дибала ќе заработува по 7,5 милиони евра годишно.

Паоло Дибала во Јувентус дојде во 2015 година од Палермо за сума од 33,7 милиони евра. Сезонава тој одигра 36 натпревари на кои запиша 16 гола и осум асистенции.

Аргентинецот повторно е во центарот на вниманието на фудбалската јавност по двата гола што ги постигна против Барселона во триумфот на Јувентус со 3-0 во првиот натпревар од четвртфиналето во Лигата на шампионите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top