Повеќето бои што се користат во исхраната се кисели бои, односно најдобро реагираат во кисела средина. Оцетот, кој содржи 5 – 10 проценти оцетна киселина, всушност се додава за да обезбеди доволно ниска pH, која ќе овозможи подобро поврзување на бојата.
Обоените молекули од бојата се натриумови соли од фенолна киселина. Кога бојата ќе се стави во вода, натриумовите јони отпаѓаат, оставајќи ги зад себе негативно наелектризираните делови од молекулата. Со додавање оцет се додаваат многу слободни јони – позитивно наелектризирани водородни јони, кои го заземаат местото на натриумовите јони. Водородните јони, поврзани со молекулите од бојата со нивната слаба позитивна наелектризираност дејствуваат како магнет и се привлекуваат со (и ги обојуваат) слабо негативните атоми во протеинските молекули и калциумкарбонатот (CaCO3) во лушпата од јајцето.
Бојата на јајцето – црвена, жолта, сина, зелена, зависи од тоа колку молекулите од конкретната боја апсорбираат и рефлектираат различна бранова должина од светлината. Но колку ќе биде интензивна бојата зависи од тоа колку силна врска ќе се добие меѓу калциумот на површината на јајцето и молекулите од бојата. Затоа е потребно да се додаде оцет.
На се сомневаме дека вашите велигденските јајца ќе бидат прекрасно вапсани и ви посакуваме убави велигденски празници.
извор:енаука.мк
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Науката потврди: Слободно јадете јајца, нема ризик од срцеви заболувања
-
Што да правите вишокот јајца од Велигден?
-
Прегледајте ги убаво вапсаните јајца: Ако го има ова на вашето велигденско јајце ќе ве следи среќа цела година
-
Велигденска традиција: Во Тиквешко се закопуваат велигденски јајца крај виновите лози