Жителите на Мариналеда наместо со блескави реклами и брендови, гратчето го красат графити, мурали и друга улична уметност со пораки за поддршка и солидарност со земјите како Куба и Венецуела.
Улиците носат имиња на познати уметници и борци за работнички права како Федерико Гарсија Лорка и Пабло Неруда.
Додека остатокот од Шпанија се бори со домашната олигархија и странските банки, во ова гратче одлуките се донесуваат директно по демократски пат на неделни состаноци на кои присуствуваат 300 до 400 луѓе.
На ниво на Шпанија стапката на невработеност изнесува 27 отсто, а во Мариналеда нема невработени.
Досега се изградени околу 350 куќи, а во текот на следните две години се планира изградба на уште 250. Просечната плата за вработените тука изнесува 1.200 евра месечно.
Можеби не ви се чини многу, но имајте предвид дека цената на месечна кирија во Мариналеда изнесува 15 евра, што значи дека тука се живее повеќе од удобно.
Побарувачката за преселба во гратчето е толку голема, што има листа на чекање и по две години.
Градот исто така овозможува бесплатен пристап до интернет за жителите.
Фасцинантни се и спортските содржини во гратчето со одвај 2.700 жители: има две фусбалски игралишта, терени за кошарка, тенис, сквош и одбојка, како и базен.
Сите се бесплатно ставени на располагање на локалните жители, освен базенот за кој се плаќа годишна членарина.
Во Мариналеда секој сам си ја гради куќата. Од локалните власти се добива градежен материјал, а откако ќе се изгради куќата се плаќаат 15 евра месечно на управата за да се рефундираат трошоците за искористениот материјал.
Куќите не смеат да се продаваат, што ја спречува можноста за профитирање.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)