Европскиот првак Реал Мадрид го совлада Баерн Минхен со 1-2 на „Алијанц арена“ во првиот натпревар во рамки од четвртфиналето на Лигата на шампионите. Кристијано Роналдо беше двоен стрелец за „кралевите“ на овој меч, откако Артуро Видал го донеде Баерн Минхен во водство во 25.минута со удар со глава, а во последните моменти од првиот дел и не успеа да реализира пенал.
Во второто полувреме, Роналдо донесе израмнување во 47.минута, а потоа Баерн Минхен остана и со играч помалку по исклучувањето на Хави Мартинез, токму поради прекршок над Португалецот во 61.минута. Нојер одбрани на фантастичен начин по шутот на Роналдо неколку минути подоцна, но не можеше да стори ништо во 77.минута, кога португалскиот ас и по вторат ја затресе неговата мрежа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)