| четврток, 6 декември 2018 |

Со гол од пенал на Гризман, Атлетико обезбеди минимална предност пред гостувањето кај Лестер (Видео)

Атлетико Мадрид со минимална предност од 1-0 ќе патува во Англија на реванш натпреварот против Лестер во четвртфиналето на Лигата на шампионите. Тимот на Диего Симеоне доминираше на „Висенте Калдерон“, но и покрај тоа не успеа да создаде поубедливо водство во првите 90 минути.

Лестер одлично се бранеше, а единствениот погодок го постигна Антоан Гризман од пенал во 28.минута од мечот. Се работеше за сомнителна ситуација и можеби за прекршок надвор од казнениот простор на англискиот тим.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top