Граѓаните денеска повторно поминаа по познатата маршута и покрај народната канцеларија на претседателот Ѓорге Иванов. Богдан Илиевски, еден од главните организатори на граѓанската иницијатива, повторно му порача на Иванов дека додека тој го брани уставот, граѓаните ќе го бранат него.
-По 45-ти пат доаѓаме тука, пред народната канцеларија на претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, тоа е единствениот човек кој има право да дава мандат за формирање влада во оваа држава и тоа е едиствениот човек кој во моментов вели „НЕ“ за мандат на тиранската платформа, не за кршење на Уставот, не за поставување на Македонија на патот од кој нема враќање, патот кон федерализација. Претседателе Ѓорге Иванов, ве поздравуваме и денеска ви повторуваме, се додека вие го браните Уставот на оваа земја, ние ќе сме тука на нашата патека и ќе ве браниме вас и суверенитетот на Република Македонија- му порача Илиевски на претседателот Иванов.
Илиевски се осврна и на „Шарената револуција“, која лани ја демолираше целосно народната канцеларија претседателот Иванов, која беше отворено токму поради граѓаните кои денеска протестираат за зачувување на унитарноста и суверенитетот на Република Македонија.
-Пред точно една година, на 12 април лани, оваа канцеларија беше ограбена, запалена, искршена, потполно руинирана. Но работите се променија, сега не се на улица луѓето кои што тврдеа дека се борат да соборат режим, а сега едвај чекаат да коалицираат со албанскиот партнер на т.н. режим, сега се на улица граѓаните за заедничка Македонија и оваа канцеларија е институцијата штитена од сите нас, така и ќе биде- изјави Илиевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Илиевски: Наша должност е на идните генерации да им оставиме земја во која ќе живеат заеднички, мирно и достоинствено
-
„За заедничка Македонија“ : Сигурно е дека битката за правда и вистина продолжува, нашиот отпор е наша должност
-
Штипјани порачаа: Предвремени избори се единствен излез од кризата (Фото)
-
Охриѓани повторно со поддршка за иницијативата „За заедничка Македонија“