Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа ќе игра во 2. коло на главната ждрепка во двојки на ВТА турнирот вреден 250.000 долари во Бил, Швајцарија.
Ѓорческа заедно со својата партнерка Анастасија Комардина од Русија обезбедија место во втората рунда натпревари, откако нивните противнички во 1. коло, Мертенс и Вотсон го предадоа мечот без борба.
Во второто коло, Лина Ѓорческа може да добие дуел со поранешната најдобра светска тенисерка, 36-годишната Мартина Хингис која во Бил игра во двојки заедно со сонародничката Тимеа Башчински. Хингис и Башчински денеска во првото коло играат против Марчинкевица/ Витхофт. Доколку победат во второто коло ги очекува мечот со Ѓорческа/ Комардина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.