Не постои никаква основа за стравување во Грција од било каков македонски иредентизам. Истакнувањето на ваква перцепција е во функција на оттргнување на вниманието од реалното попречување на евроинтегративниот процес на Република Македонија, особено по Пресудата на Меѓународниот суд на правдата, од 2011 година- е ставот на МНР по изјавите на грчкиот шеф на дипломатијата Никос Коѕијас.
Коѕијас вчера повторно нагласи дека проблемот со името „се врзува со иредентизам“ кој значи „оспорување на границите“, заради што, како нагласи Коѕијас, „не може во современа Европа како член на Европската Унија да се интегрира држава која има такви иредентизми“.
-Од македонска страна, цениме дека во рамките на процесот за градење мерки на доверба, треба да се изнајде решение за сите извори на недоверба од двете страни. Иредентизмот не е одлика на Република Македонија, која континуирано се залага за регионална соработка. Цениме, дека истото треба да биде прифатено и од нашиот јужен сосед- наведуваат во својот став од македонското Министерство за надворешни работи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.