| четврток, 6 декември 2018 |

Граѓаните на Крива Паланка порачаа: Нема да потклекнеме, нашиот јазик, нашиот код ќе опстои

Жителите на Крива Паланка и вечерва по триесетти пат се приклучија на протестниот марш што го организираше граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“. Ги повторија пораките за зачувување на единствена, унитарна Македонија и кажаа дека се против т.н. тиранска платформа.

– Ние Македонците сме трпелив народ. Со верба и трпение сме опстоиле низ вековите, а со непокор и почит кон предците сме докажале дека истрајноста е наша силна страна. Истрајни и сега нема да потклекнеме пред темното зло кое се надвиснало, светлината ќе го победи сивилото и нашиот јазик – наш код ќе опстои, рече Благоротка Стојчевска, поетеса и   член на Здружение на пензионерки од Крива Паланка.

Граѓаните масовно излегоа на улиците. Се маршираше од поранешен Далфис, низ Старата градска чаршија, долж главната улица „свети Јоаким Осоговски“, до плоштадот „Карпошово востание“ кај зградата на локалната самоуправа.

Грагјаните мирно се разотидоа и најавија дека марсшевите продолжуваат се до отфрлање на т.н тиранска платформа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top