Патник во авион на американската авиокомпанија Јунајтед Еирлајнс насилно е исфрлен од летот Чикаго Луисвил откако одбил сам да излезе затоа што стјуардесите немале каде да седнат.
Една од патничките, Аудра Бриџес изјавила дека вработените замолиле еден доброволец да го препушти своето место уште при влегувањето во авионот, нудејќи му 400 долари и хотелско сместување. Но, откако сите патници се сместиле, стјуардесите побарале од четирили лица да излезат од авионот, затоа што вработените од компанијата требале да отидат во Луисвил за да се качат на друг лет.
Компанијата понудила компензација од 800 долари и ноќевање во хотел, но откако никој од патниците не ја прифатил нивната понуда, компјутерски одбрале кои патници мораат да го напуштат авионот.
Тројца патници излегле мирно од авионот, но еден доктор одбил да го напушти авионот дури по разговор со полицијата.
Бриџес тврди дека мажот кој насилно го исфрлија од авионот, се вратил внатре со крвава глава, а таму му пружиле лекарска помош, додека другите патници биле вратени назад на аеродромот за вработените да го исчистат авионот пред полетувањето. Поради настаната ситуација, летот доцнел два часа.
На снимките кои другите патници ги објавија на социјалните мрежи се гледа како тројца полицајци со сила го извлекуваат лекарот од авионот и го влечат по подот.
Според лекарот, тој исто така требал следниот ден оди на работа во Луисвил.
По инцидентот компанијата се извинила поради пребукираниот авионот.
-За другите детали за патниците обратете во полиција, соопшти портпаролот на авиокомпанијата.
Голем број од патниците во авионот, по инцидентот кажале дека веќе не планираат да патуваат со Јунајтед Еирлајнс.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)