| четврток, 6 декември 2018 |

Србија: Родена е како маж, денес е секс – работничка, а клиентите и се политичари (Видео)

Не се срамам да признаам дека сум секс- работничка. Работата со која се занимавам со години, постои отсекогаш и да, јас сум дел од неа- изјавила 30- годишната Кристина Ферари во утринска емисија на една српска телевизија.

Белграѓанката објаснила дека освен со проституција, за живот заработува и со стриптиз, а се пофали дека клиенти ѝ се адвокати, лекари и политичари.

Кристина работи исклучително во станови и луксузни хотели, по препорака, нема ничија заштита и никогаш не го продавала телото на улица.

-Кога ме бараат за приватни забави или момински, секогаш барам клиентите однапред да се изјаснат што очекуваат од мене- стриптиз или секс. Јас всушност не се продавам себеси, туку услугите и своето време, рекла белграѓанката.

Свесна е дека тоа со што се занимава е противзаконско, па затоа се бори за легализација на проституцијата.

Имено, таа се родила како Милан, но на 14-годишна возраст започнала да се облекува како жена, а полот хируршки го променила во 2008 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top