| четврток, 6 декември 2018 |

Легендата на Арсенал се сели во Примера дивизија

toni adams

Некогашниот прв дефанзивец и ѕвезда на „топчиите” од денеска има ново работно место, во Шпанија. Тони Адамс и Шпанија, досега немаа многу заеднички точки во овој „половина век” колку што некогашниот капитен на лондонски Арсенал „функционира” на планетата Земја.

Но од денеска, ќе ги имаат многу повеќе, ако се знае дека легендарниот дефанзивец на „топџиите” има ново работно место во земјата коај е составен дел на Пиринеите. Некогашниот репрезентативец на Англија е именуван за прв тренер на шпанскиот прволигаш Гранада. А оној почетен договор е со важност до крајот на оваа натпреварувачка сезона, во која како примарна цел треба да го однесе тимот во зоната на спасот.

toni adams 1

Овој викенд, Гранада загуби од Валенсија (1-3), и се наоѓа на претпоследното место во шпанската лига, но со дури седум бода помалку во однос на тимовите кои се во сигурната зона.
Адамс доаѓа во Гранада на местото на Лукас Алкасар, и ќе има навистина тешка задача во обидот да ги реализира плановите на клупското раководство на тимот од Андалузија.
Адамс има само седум меча пред себе да го стори тоа што не можеше неговиот претходник.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top