| четврток, 6 декември 2018 |

О’Саливен: Во иднина со снукерот ќе владеат кинеските играчи

Ding Junhui of China (L) and Ronnie O'Su

Воочи Светското првенство во снукер, кое ќе се одржи во Шефилд од 15 до 30 април, најголемата ѕвезда на оваа игра во историјата, Рони О’Саливен смета дека во наредниот период Кина ќе доминира во овој спорт.

– До 2025 година најверојатно најмногу трофеи ќе освојуваат натпреварувачите од Кина. Тука ќе бидат и Селби, Трамп, Марфи и јас, но и покрај нив, Кинезите ќе доминираат. Снукерот е страшно популарен спорт во оваа земја, а мислам дека Динг им е најпопуларен спортист – изјави петкрaтниот светски шампион.

Традиционално, Светското првенство во снукер кое ќе започне на 15 април ќе се одржи во Шефилд, каде овој турнир се организира уште од 1977 година, а со последниот договор овој град ќе биде домаќин до 2027 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top