Арсенал дефинитивно е надвор од ритам, а Кристал Палас тоа го искористи и ги декласира избраниците на Арсен Венгер. „Топчиите“ загубија со 3-0, и по ова се многу далеку од обезбедување на пласман во Лигата на шампионите следната сезона. Кристал Палас продолжи да зема скалпови на фаворити, па по триумфот над Челси на „Стемфорд бриџ“, убедливо славеше и против Арсенал, во битката за опстанок.
Тимот на Сем Алардајс го надигра Арсенал во сите елементи, иако „топчиите“ имаа многу поголем посед на топката. Таунзенд во 17.минута го постигна првиот гол за Кристал Палас, а во вториот дел Кабаје и Миливојевиќ од пенал донесоа убедлив триумф. Како игра Арсенал доволно кажува и податокот дека „топчиите“ примија три гола на гости на четвртиот последователен меч, а тоа не им се случило од далечната 1929 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)