| четврток, 6 декември 2018 |

Веќе 24 часа гори над Битола, граѓаните со апели на социјалните мрежи (ВИДЕО)

Вчеравечер избувна пожар на ридот на излезот од Битола на патот кон Ресен. Се работи за  потегот од сСнегово кон Братиндол, на истото место каде пред десет години беше униште голем дел од шумата.

Од територијалната противпожарна единица во Битола утрово за локалниот портал „Шеталиште“ изјавиле дека се работи за површина од над 50 хектари. Пожарот се уште не е локализиран, а екипи на противпожарната единица се на терен и со сите напори се обидуваaт да го стават под контрола огнот.

На социјалните мрежи, пак, се појави апел за помош.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top