Кошаркарите на Црвена Звезда со победа на домашен терен вечерва извојува победа во првиот меч од финалето на АБА лигата против Цедевита.
Бранителот на трофејот, Црвена Звезда дуелот го доби со 81:66 (16:27; 29:17; 21:10 и 15:12) и поведе со 1-0 во добиени натпревари.
Гостите од Загреб подобро го почнаа натпреварот и во финишот на првиот дел имаа предност од 15 поени (26:11). „Црвено-белите“ до пресврт стигнаа во 16 минута кога поведоа со 31:30, а потоа имаа водство до крајот на натпреварот.
Чарлс Џенкинс од Црвена Звезда со 20 поени беше најефикасен на дуелот.
Финалето се игра во серија подобар од пет (до три победи), а финалниот натпревар број 2 е на програмата утре исто така во Белград.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.