Возбудувањата во Лигата на шампионите продолжуваат со четвртфиналната фаза. Јувентус ја пречекува Барселона, во дуел кој ќе биде реприза на финалето од 2015 година. Тогаш каталонскиот гигант славеше со 3:1 и застана на тронот на Европа.
Сега нема да се игра еден туку по две средби ќе биде познат патникот во полуфиналето. Леонардо Бонучи е еден од оние кои треба да го сопрат нападот на Барселона. Бонучи играше во финалето пред две години, а сега вели дека Јувентус има поголеми шанси.
– Имав среќа, односно несреќа да играм против Барселона во финалето во 2015 година, кога загубивме со 3-1. Бевме добри во поголемиот дел од мечот, но Меси, Суарез и Нејмар се меѓу десетте најдобри играчи во светот, исто како што сега се Игуаин и Дибала. Верувам дека сме подобри од пред две сезони и дека имаме добри шанси да поминеме во полуфиналето – рече Бонучи.
Јувентус утре е домаќин во Торино и ќе треба да се избори за позитивен резултат пред возвратната средба која ќе се игра на „Камп Ноу“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.