| четврток, 6 декември 2018 |

Ефтов: Погледнете што ни се подметнува, содржината на косовскиот да биде вградена во македонскиот Устав

Во Уставот на република Косово, кој е усвоен пред некои 10-тина години, во првиот член се вели дека Косово е држава на своите државјани. Всушност, содржината на овој Устав преку Тиранската платформа сакаат да го прекопираат во македонскиот Устав и Македноија, за македонскиот народ да не биде ностиел на државноста на РМ, туку македонската држава да биде функционална како мултиетничка држава и стие граѓани во рамки на Република Македонија да бидат носители на државноста, вели Васко Ефтов во последното издание на неговата емисија „Во Центар“.

– На тој начин се отвора тоа прашање со тиранската платформа и всушност се сака да се направи знак на еднаквост помеѓу една држава која е формирана со кршење на сите норми на меѓународното право и со НАТО интервенции како Косово и една држава како што е Македонија која ги исполни сите обврски, права и прописи кои и беа наметнати со извештајот на Бадентер од 1992 година кои единствено ние и Словенија од поранешните југословенски држави ги исполнивме, наведува Ефтов.

2eftov

– Погледнете какво кукавичко јајце ни се подметнува со таа Тиранска платформа, содржината на косовскиот устав да биде вградена во македонскиот Устав! Во Уставот на Косово стои, службени јазици во република Косово се албанскиот и српскиот јазик. Значи српскиот јазик е вклучен, иако таму Србите се под 10 отсто. Тие веројатно претпоставуваат дека во Македонија се под 20 посто, па сакаат да бидат побрзи од пописот и да го направат албанскиот јазик службен тука без разлика на резултатот, наведува Ефтов.

– За да се направи целосна реприза на косовското сренарио, во рамки на структурите на Република Македонија, мора да се најде одговор на проблемот со северно Косово. Очигледно е дека тоа треба да се направи со проектот Илирида, или прокетот северозападна Македонија каде што треба да се овозможи хоризонтално поврзување на сите тие општини каде што е доминантно албанското население. Центарот на таа северозападна Македонија треба да биде Тетово на Теута Арифи која е апсолутно неуспешен и неспособен градоначалник. Таа треба да биде главен играч на тој појас и на тоа територијално организизирање на северозападна Македонија, нагласува Ефтов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top