Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да се квалификува на ВТА-турнирот кој се игра во Бил, Швајцарија.
Нашата најдобра тенисерка во последното квалификациско коло со 0-2 (3-6, 2-6) во сетови загуби од Александра Саснович од Белорусија, која воедно беше и прва носителка во квалификациите, со ВТА-ранк на 108 позиција. Во првиот сет Белорусинката направи брјек за 3-5 и на свој сервис дојде до водство, додека во вториот следеа два брејка, за 0-1 и 2-5 и конечни 2-6.
Ѓорческа на најновата ВТА-листа се наоѓа на 191. место. Во квалификациите за турнирот во Бил таа мина две кола.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.