Пратеникот Илија Димовски денес на конститутивната седница во Собранието спомна дека документот којшто СДСМ сака да го претстави како програма на идната влада е обична лага, односно по изјавите на албанските политичари, јасно е дека основа за формирање на парламентарно мнозинство е тиранската платформа којашто од СДСМ ја прифатиле, а не некаква набрзина напишана програма што треба да служи само за замајување на јавноста.
–Имавме неколку изјави од колеги коишто доаѓаат од Беса, од ДУИ, од Алијанса за Албанците, кои тврдат дека оној лист програма што вие го покажувате како програма за влада е само на СДСМ, дека не е тоа заеднички документ и дека не е документот на којшто врз база се формира парламентарното мнозинство, туку дека во документот за парламентарно мнозинство непрескоклив дел е и платформата, декларацијата, резолуцијата, од Тирана, од Скопје, небитен е насловот, содржината е битна – рече Димовски.
Тој ја потенцираше изјавата на Али Ахмети од 2011 година во којашто кажува дека Македонците вршеле геноцид врз Албанците во 1945 година и дека тоа за ВМРО-ДПМНЕ е неприфатливо, додека СДСМ со прифаќањето на платформата истото го поддржува.
–Во содржината ние видовме дека треба да се осуди геноцидот. Ние вчера видовме во изјава на Али Ахмети дека е насочен во Македонците после 1945 година. Значи има многу содржински работи коишто низ убави зборови не можеме да ги прескокнеме. Не можеме да прескокнеме дека Македонците се геноциден народ. Има изјава од Ахмети во 2011 година каде што тврди дека Македонците вршеле геноцид во 1945 година и тоа денес е дел од платформата којашто е прифатена од СДСМ – додаде Димовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)