Српската тенисерка Александра Круниќ славеше над Џесика Малчкова од Чешка во квалификациите за турнирот во Чарлстон, а по триумфот доживеa непријатност.
Имено, српската тенисерка на социјалните мрежи имаше вербални закани од голем број комарџии. Таа сакаше да ја сподели својата радост по натпреварот, но сепак нејзината среќа беше несреќа за обложувачите.
Она кога ќе зачуваш четири меч топки, три во низа, и ќе победиш со 7:5 во тај – брејк, Круниќ мафија, напиша Александра на својот “Фејсбук” профил.
Но, по нејзиниот коментар следуваше закана од еден од комарџиите.
Ќе ти го уништам живото како што ти го уништи мојот, е**на ку*во е*и се, ми должиш 4.000 фунти!, гласеше заканувачката порака.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.