Златан Ибрахимовиќ има 35 години, но тоа не му пречи да биде најдобар играч на Манчестер Јунајтед. Напаѓачот кој повеќе од една деценија е меѓу најдобрите голгетери во светот, едноставно блеска и во годините кога полека треба да размислува за пензионирање.
Вчера на мечот против Сандерленд, Ибра го даде погодокот за водство од 1:0 и прослави еден убав јубилеј. Тоа беше 250 погодок за Ибрахимовиќ, во периодот откако наполни 30 години. Самиот фудбалер вели дека се чувствува како филмскиот лик, Бенџамин Батон.
– Напорно тренирам. Верувам во самиот себе и знам што можам да направам. Не сум загрижен. Колку си постар, толку поголемо искуство имаш. Не ја трошиш залудно енергијата. Се чувствувам како да сум Бенџамин Бутон. Сум се родил стар, а ќе умрам млад – рече Ибрахимовиќ.
Швеѓанецот сезонава има дадено вкупно 28 погодоци за Манчестер во сите натпреварувања и токму тој е играчот кој го држи тимот на едно повисоко ниво.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.