Три недели по доаѓањето на папата Фрањо во Египет е прогласено вонредна состојба по два бомбашки напади во кои настрадаа 44 лица, а одговорноста ја презеде исламската држава.
Напдот во Александрија се случи во неделата, кога бомбаш самоубиец со експлозивен појас уби 17 лица, од кои 4 полицајци, а 48 лица се повредени. Откако полицајците го запреле, напаѓачот се разнесе во црквата Свети Марко.
Вториот напад се случи во црквата Мар Гиргис, во кој загинаа 27 лица, а 78 се ранети.
Претседателот нареди војската да излезе на улиците за да им помогне на полицајците.
-Овие случувања нема да ја уништат државата и сплотеноста на народот.- изјави коптскиот религиски челник.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)