| четврток, 6 декември 2018 |

Фабио Либери добитник на наградата за најдобар короеграф „Златна пеперутка“

Фабио Либери е добитник на наградата за најдобар короеграф “Златна пеперутка“ во рамките на програмата на Фестивалот „Танц фест“ кој се одржува во Скопје и во Велес. Наградата му беше доделена на Гала вечерта на Танцлаб 2017!

Оваа година Танцлаб имаше голем број на апликанти, а во преселекцијата беа избрани девет млади кореографи: Фабио Либерти од Италија, Џесика Симет од Унгарија , Јакуб Мунко од Полска, Фредерика Ботини од Италија, Вероника Акопова од Русија, Соња Зани од Италија, Диего де Роса од Германија, Беатриче Панеро од Германија, Мара Хулапс од Холандија.
Во прекрасна атмосфера во Народниот театар во Велес, стручното жири во состав: Самуел Вуерстен, уметнички директор на „Холанд денс фестивал“ во Хаг, член на Бордот на Кодартс Ротердам во Холандија, куратор на Интернационалниот фестивал Контекст, на Дијана Вишнева; Мехмет Балкан, главен кореограф и уметнички советник за Националните балетски компании во Турција и Јагода Сланева, прима-балерина, добитник на Наградата за врвни остварувања во областа на танцот МЕНАДА,  на Танц Фест 2017 му ја додели наградата за “Златна пепрутка на Фабио Либерти од Италија.

unnamed (1)
Либерти е член на Данскиот танцов театар. Како кореограф учествува на повеќе интернационални натпревари за млади кореографи. Во 2013 тој ја освојува третата награда на Интернационалниот натпревар во Копенхаген, Данска. Во 2014 година ја освојува наградата од кртиката на натпреварот во хановер. Во 2015 година Фабио Либерти ја креира претставата “Кармина Бурана“ за Данскот танцов театар. Фабио Либерти во 2016 година работи во Далас, Тексас, и учествува на натпревари во Швајцарија, Словенија, како и во Полска, каде освојува прв награда на натпреварот во Варшава.

Во продолжение на вечерта беше изведена најновата премиера на Скопје танцовиот театар „Патот“ во кореографија на Антон Рудаков од Германија.

Антон Рудаков е роден во Сант Петерспург, Русија. Неговото танцово образование започнува во престижната Академија на Агрипина Ваганова. По дипломирањетотој e ангажиран во компанијата на познатиот руски кореограф Борис Ејфман. Во 2002 година се приклучува на Алто Балет Тетар во Есен, Германија. Од почетокот на 2007 година, Рудаков е член во Hessen State театар во Висбаден. Како танчер подеднакво учествува во дела од класичен репертоар, како и во современи кореографии. Во последните години учествува на повеќе интернационални натпревари. Во 2015 ја добива наградата “Златна Пеперутка” за најдобра кореографија во Скопје на ТанцЛаб натпреварот, во рамките на фестивалот Танц Фест 2015.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top