| четврток, 6 декември 2018 |

Заради Марина останал без 100 илјади долари: Му го земала џекпотот бидејќи и дозволил да го притисне копчето

Двајцата поранешни пријатели, Марина Наваро и Џон Флато, сега се најголеми непријатели и тоа заради голема џекпот добивка за која двајцата сметаат дека ја освоиле во комплексот  „Хард Рок –  хотел и казино“ во Флорида. Редовниот посетител на игрите на среќа, 66-годишниот Флато вели дека останал без 100 000 долари само затоа што и дозволил на Марина да го притисне копчето на слот машината „за среќа“. По нејзиниот удар паднала џекпот добивката, а иако Џон бил тој кој вложил во машината, технички добитник е Наваро.

– Таа технички ја одиграла играта, па исплатата оди кај неа, изјавиле од управата на казното.

Флато не можел да ги убеди дека тој платил за играта и вложил во машината, а Марина ја послужил само за да му донесе среќа. Двајцата повеќе не разговараат, а Марина не му исплатила ниту дел од добивката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top