| четврток, 6 декември 2018 |

Алиоски продолжува со брилијатните партии за Лугано, за осум минути постигна хет-трик! (видео)

alioski

Македонскиот репрезентативец Езгијан Алиоски руши рекорди во швајцарскиот шампионат. Во 27. коло од швајцарската Супер лига, Алиоски постигна хет-трик за Лугано за само осум минути, што според статистиката од швајцарските медиуми е најбрз хет-трик во најсилниот шампионат на оваа земја.

По 30 минути игра Лугано води со 3-0 против Сион, а сите три погодоци во период од 17. до 25. минута ги постигна македонскиот репрезентативец.

Со овие три гола, Алиоски во моментов се проби на второто место на листата на најдобрите стрелци во Швајцарија со вкупно 13 постигнати погодоци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top