| четврток, 6 декември 2018 |

Заев призна, СДСМ не е подготвен за локални избори (ВИДЕО)

СДСМ е целосно неподготвен и исплашен од локалните избори и тоа е, како што признава и самиот Заев, причината за одложувањето на изборите.

sdsm povik

СДСМ планираат дури во август да почнат со анкетирање на граѓаните и процедура за избор на кандидати за градоначалници. Тоа е само доказ дека Заев и СДСМ лажат дека се подготвени за избори и ги потврдува информациите дека ова е единствената причина поради која СДСМ не побара многу порано да се состане парламентот.


СДСМ, Зијадин Села и Џеват Адеми имаа можност многу денови пред нивниот предлог да дадат 20 пратеници за избор на претседател на Собрание. Не го направија тоа затоа што знаат дека не се подготвени да излезат на локалните избори и намерно го пробија рокот. Локалните избори нема да се одржат затоа што СДСМ и ДУИ не се подготвени да излезат на локални избори. Сега им се брза бидејќи се договорија за платформата од Тирана, сакаат да ја протуркаат набрзина, се наближуваат судските рочишта во мај за предметот „Поткуп“, сакаат по секоја цена да дојдат на власт, да извршат притисок врз судството и еден човек да се спаси од криминалот макар и по штета на националните интереси на Република Македонија. Не бараме ништо друго освен во ова Собрание на секој пратеник да му се дозволи по точката за која се расправа да го искаже своето мислење, така како што сме ја почнале оваа седница, така и да ја завршиме. Не може интересот на еден човек и неговата амбиција, наместо да биде на суд, да биде на столчето за премиер, да биде залог за целата држава – истакна Милошоски.

На крајот, малку фројдовски, Заев веќе даде одговор како не треба да се владее на градоначалничко ниво, а уште помалку на државно, а, од друга страна, 2 милиони граѓани добија увид во неговите принципи на работа во општина Струмица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top