Портланд убедливо славеше против Јута со 101-86 запишувајќи важна победа во битката за последното место кое води во доигрувањето на Западот.
Феноменална партија за Портланд имаше Демиан Лилард со 59 постигнати поени, од кои девет тројки од 14 обиди. Лилард постави рекорд на кариерата, соборувајќи го и рекордот на франшизата по број на постигнати поени на еден натпревар. Плус имаше и шест скока и пет асистенции.
Кошаркарите на Голден стејт убедливо славеа против Њу Орлеанс на домашен паркет со 123-101, во натпревар во кој на терен се врати Кевин Дурант по повредата на коленото која ја доби на почетокот од минатиот месец.
Дурант мечот го заврши со „дабл-дабл“ од 16 поени и 10 скока, со плус шест асистенции за 31 минута игра. Кај Вориорс најефикасен беше Клеј Томпсон со 20 поени, а Стеф Кари не настапи поради проблеми со коленото.
Резултати НБА:
Бруклин – Чикаго 107-106, Шарлот – Бостон 114-121, Орландо – Индијана 112-127, Филаделфија – Милвоки 82-90, Вашингтон – Мајами 103-106, Сан Антонио – ЛА Клиперс 87-98, Портланд – Јута 101-86, Голден Стејт – Њу Орлеанс 123-101
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)