Јувентус рутински го совлада Киево со 2-0 на домашен терен, но дел од медиумите го нападнаа тренерот Масимилијано Алегри, истакнувајќи дека „старата дама“ не игра спектакуларен фудбал. Сепак, стратегот го пронајде можеби вистинскиот одговор.
– Јувентус игра за да победува. Спектакуларно? Јас кога сакам да гледам спектакл, одам во циркус. А во фудбалот е најважно да ги освоиш бодовите. А ние тоа го правиме и се наоѓаме на првото место. Во фудбалот треба да знаеш и да напаѓач и да се брани, и тоа подеднакво добро. Балансот меѓу овие две стратегии, е најдобриот микс. Мислам дека токму така игра Јувентус – истакна Масимилијано Алегри.
Веќе во вторник во Торино доаѓа Барселона, во првиот четвртфинален меч од Лигата на шампионите. Каталонскиот тим синоќа загуби од Малага со 2-0 во шпанското првенство.
– Кога ги имате пред себе Лео Меси, Луис Суарез, Нејмар и Андреа Иниеста, тогаш тоа е тим што мора максимално да се респектира. Но, ние сме подготвени. Ќе играме дома и ќе напаѓаме за да победиме и ќе се браниме кога тоа ќе биде неопходно – истакна Алегри.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.