Десетици македонски патриотски здруженија го мобилизираат своето членство во повеќе градови во Македонија за одбрана на државата во случај СДСМ да се обиде насилно да постави претседател на Собранието и да формира влада што ќе ја спроведува тиранската платформа. Здруженијата самоиницијативно организираат групи што се решени по секоја цена да ја бранат демократијата и со сите средства да спречат сценарио за уривање на унитарна Македонија.
Оттаму најавуваат дека тие ќе бидат чувари на државата и на институциите ако СДСМ во периодот пред за време и по велигденските празници се обиде насилно да ги заземе институциите.
Предупредуваат дека нема да дозволат погазување на волјата на македонскиот народ и реализирање на албанската платформа, па затоа нивните дејства ќе бидат како тие во историјата, затоа што, како што велат, ова се историски моменти за македонската држава, народ и нација.
Самоиницијативна мобилизација е започната во сите градови во државата, формирани се граѓански групи кои во случај на насилство, било на улиците било во институциите, за кусо време би реагирале со сите средства за спречување на узурпацијата на институциите.
Граѓаните се подготвени да го одбранат своето и да ги зачуваат институциите токму за време на велигденските празници. Дрскоста која до сега ја покажуваат авторите на тиранската платформа и нивните соработници во иредентизмот покажува искуство дека случувањата околу неа се врзуваат со големите празници, кога граѓаните се свртени кон домот и семејството, а институциите не работат.
Откако платформата стигна за Божик, се очекува почетокот на реализацијата да почне на Велигден.
Од „За заедничка Македонија“ децидно порачаа: „Народот ве седна во пратеничките клупи, народот ќе ве извади“.
–Нашето трпение е огромно, со мир браниме мир, но знаеме и поинаку. Секој од нас е подготвен да ја брани Македонија… Стотици илјади луѓе се готови да ја земат правдата и да ја донесат конечно во Македонија- истакна Борис Дамовски, член на иницијативата За заедничка Македонија.
Јасно е дека СДСМ се подготвува да тргне со насилство само да дојде на власт. Притисокот е огромен од спонзорите на Заев, па првиот чекор веќе го направија со обид на сила да наметнат избор на Претседател на Собранието и за преку него, на ист начин, да се протурка агендата од тиранската платформа. Заевистите сега се под притисок да ја платат цената за поддршката и враќање од тоа нема.
Затоа била и средбата на Заев со албанското подземје, да му го чуваат „грбот“ при насилното преземање на власта во институциите. Врските на заевистичката врхушка со албанското подземје не се нови и тие се во постојана соработка од почетокот на кризата, па преку врските на Мухамед Зекири со косовските криминални структури, за сега повторно да се потпрат на нивното насилство за конечна пресметка на заевистите со македонскиот народ преку насилно спроведување на тиранската платформа.
Ваквиот план и повик веќе ги алармираше граѓаните кои имаат доволно истенчен сенс за пораките на главниот насилен идеолог кај заевистите, Љубомир Д. Фрчкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)