Меси и другарите не ја искористија шансата да се израмнат на врвот на табелата со Реал Мадрид, бидејќи неочеувано Барселона загуби на гостувањето кај Малага со 2-0.
Откако во градското дерби во Мадрид, Реал и Атлетико ги ремизираа, се очекуваше дека каталонскиот гигант уште повеќе ќе притисне во обид да дојде до трите бода.
Сепак, домаќините иако се повлекоа на својата половина во текот на целиот меч знаеја како да го контролираат казнетиот простор и со брзи контра напади да го загрозато голот на Тер Штеген.
Стрелец на првиот гол за Малага беше Рамирез во 32. минута, откако одлично се извлече од офсајд замка и ритинирано ја смести топката во небранетиот дел од голот на Барселона.
Дополнителен проблем за Барселона беше исклучувањето на Нејмар во 65. минута. Од тој момент Барселона уште повеќе притисна кон голот на Камени, но сите дилеми за победникот ги разреши Џони кој искористи една одлична акција на својата екипа во разретчената одбраната на Барса.
По овој пораз, Каталонците останаа на 69 бода, со три бода помалку и натпревар повеќе од Реал Мадрид. На третата позиција е Атлетико Мадрид со 62 бода, пред Севилја која има 61 бод.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)