| четврток, 6 декември 2018 |

Жестока тепачка на навивачки табори во Белград (видео)

tepacka belgrad

Жестока навивачка тепачка се случи во Белград, во пресрет на денешниот натпревар меѓу Партизан и Радник Сурдулица (2-1). Неофицијално, се судриле навивачките групи на Партизан и на Црвена Звезда, „Гробари“ и „Делије“, а во пресметката се употребуваа дури и топовски удари. Најмалку тројца навивачи завршиле во Ургентниот центар. Според други српски медиуми, постои теорија и дека се судриле две фракции на навивачката група „Гробари“, едните приврзаници на загинатиот водач Александар Станковиќ, со прекар Сале Мутави, како и негови противници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top