Баерн Минхен покажа кој е кој во германскиот шампионат, славејќи убедливо со 4-1 против Борусија Дортмунд во дерби пресметката од 28 коло во Бундеслигата.
„Милионерите“ ниту од далеку не можеа да се спротистават на баварската машинерија, која победата ја најави уште во првите 10 минути со головите на Рибери во 4. минута и Левандовски во 10. минута.
Иако, гостите успеаја брзо да постигнат гол преку Гуереро во 20. минута, сепак тоа беше се што можеа да направат против расположениот Баерн Минхен.
Во второто полувреме следеа уште два гола, на Робен во 49. минута и Левандовски во 68. минута за конечни 4-1.
По овој триумф, Баерн Минхен со 68 бода, е цели десет бода пред второпласираниот Лајпциг, додека Борусија Дортмунд остана на 4. место со 50 бода на шест кола до крајот од овој шампионат.
Ваквата игра на баварците треба да ги замисли „кралевите“ од Мадрид кои веќе следната недела ќе го играат првиот меч од четврфиналето во Лигата на шампионите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)